Darko Vlogs
Macedonian influencer

Darko Vlogs

The basics
Quick facts
Intro
Macedonian influencer
Gender:
Male
Birth:
26 December 1988(Niš, City of Nis, Serbia)
Star sign:
Residences
Skopje, Greater Skopje, Skopje Statistical Region, North Macedonia
Biography menu
Menu

Jump to

Introduction Биографија Кариера Хуманитарна работа Наводи Надворешни врски
The details
Biography

Introduction

Дарко Јефремов (познат како Дарко Влогс; р. 26 декември 1988 во Ниш) — македонски инфлуенсер, познат како најпопуларниот балкански камионџија во Америка и еден од најследените и најкоментирани македонски блогери на Инстаграм.

Биографија

Дарко Јефремов е роден на 26 декември 1988 година во Ниш, Србија. Во Скопје, Македонија почнува да живее од 1992, каде завршува основно училиште во Блаже Конески, населба Аеродром. Исто така и средно училиште во Михајло Пупин, насока Информатика. Во 2009-та Дарко запишува студии при Технички Факултет Битола, каде дипломира по 3 години во 2012-та.

Во март 2013-та почнува да работи на бродот Carnival Sensation. После 2 договори Дарко се преселува во Канзас Сити, Мисури, каде работи како Assistant Office Administrator во True Value, а втората работа како келнер во Golden Corral.

Во 2017-та се преселува во Чикаго, каде почнува да работи како камионџија, професијата која до ден денес ја работи.

Кариера

Во 2018-та година, Дарко почнува со неговиот инстаграм профил Дарко Влогс, каде објавува видеа и слики од живот на еден камионџија во Соединетите Американски Држави. За многу краток период, Дарко станува вистинска сензација на македонските портали и друштвени мрежи, што неговиот профил за 3 години го заследиле преку 100 000 следбеници. Дарко продолжува да го работи тоа што го сака, да вози камион, а воедно и со негови видеа да насмее многу луѓе. Моментално неговиот профил број над 130 000 следбеници.

Хуманитарна работа

Покрај друштвените мрежи, Дарко активно е вклучен и во хуманитарни акции. Во 2019-та со помош на инстаграм го започнува својот прв мерчендајз, а тоа се маици и дуксери со неговото лого. Собраните парични средства се донираа кај лица што им беше потребна финансиска помош.

Пред новата 2020 година Дарко, облечен како Дедо Мраз, делеше пакетчиња на деца на улица и бездомници во Скопје.Исто така, следната година, заедно со Јутјуберот Вик, започна акција „Пакетчиња за сите дечиња” и собра над 6.000 долари.

Наводи

Надворешни врски